Вечерва во ноќниот клуб „Станица 26“ од 21 часот првпат во Скопје ќе настапи култниот музичар Грандмастер флеш, некогашниот фронтмен на хип-хоп бендот Grandmaster Flash and the Furious Five.

Двочасовниот диџеј настап во Скопје е дел од неговата голема турнеја Hip-Hop: People, Places and Things, музички времеплов и едукативен час за се она што значи хип хоп од ’70-те години до денес.

Настапот е во организација на „3Гонга“ во соработка со SureShotz Entertainment.

Како локална поддршка ќе настапат Shorty P & Irie Scratch.