Во Кинотека на Македонија од денеска почнува циклусот Кино утро: Хрватски детски филмови.

Вечерва во 19 часот ќе се прикаже „Брканица по моторот“ на Бранко Мајер, а во 20 часот следи „Пико“ на Среќко Вејганд. Овие два филма се снимени во 1959 година во продукција на „Зора филм“ од Загреб. Тие ќе се репризираат утре во 12 часот и 20 часот.

Во петок на пладне ќе игра „Син галеб“ на Бранко Бауер, а од 19 часот е „Дружината на Перо Џумката“ на Владимир Тадеј. Неговата реприза е в сабота од 12 часот, а од 19 часот ќе игра „Волк самотник“ на Обрад Глушчевиќ. Тоа е дебитантски филм на Славко Штимац, кој подоцна стана ѕвезда на југословенската кинематографија, чија кариера трае до денес, со повеќе од 60 улоги. Репризата е в понеделник од 12 часот.

Во вторник на пладне е проекцијата на „Капетан Микула Мали“ на Обрад Глушчевиќ, а циклусот завршува в среда (12 часот) со филмот „Тајната на стариот таван“ на Владимир Тадеј.