Црвен Крст на Македонија и Општина Кисела Вода на 3 март (недела) организираат хуманитарен концерт за семејството Глигоровски чиј дом изгоре во н. Драчево пред еден месец. Концертот во „Театар Комедија“ ќе трае од 18:30 до 21:00, а влезот е 100 денари.

На концертот ќе настапат Антониа Гиговска, Лина Пејовска, Либеро бенд, Даниел Данн, Теа Трајковска, Искра Трпева и други.