Big Bang Crew во соработка со клубовите на млади на Црвен крст на град Скопје, Центар, Кисела Вода, Чаир, Гази Баба и Карпош, ќе одржи голема хуманитарна забава во „Сквер 21“.

Донациите собрани на забавата се наменети за да им се исполнат желбите на 120 деца сместени во згрижувачки семејства кои и оваа година ги запишаа и ги закачија на големата елка на влезот во Рамстор мол, активност која се одржува веќе 10 години.

За забавата, што ќе почне во 21:30 часот, ќе се погрижат диџеј Ејтлес, Флози и Боно.