Следниот понеделник, 24 декември, ресторанот „Еквилибриум“ ќе организира хуманитарна забава за нивниот прв роденден.

„Елена Ристеска, Дани, Гоце САФ, Горан Наумовски, Елена Петреска, Даниел Данн, Александра Јанева, Горан Папаз се само дел од музичарите што ќе настат на роденденската журка. Вкусна храна, музика за сечиј вкус и многу забава за сите што сакаат да бидат хумани таа вечер“, велат од „Еквилибриум“ и додаваат дека ќе има и многу изненадувања за госите.