Спона, организацијата на Србите во Македонија, организира хуманитарна забава „Подари радост“ во „Опера паб“. Со собраните средства тие ќе купат пакетчиња за децата од социјално загрозените српски семејства од Македонија и Косово. Хуманитарната забава почнува во 19 часот.