Комедијата анимираниот цртан филм „Хотел Трансилванија 3: Летен одмор“ и новогодишниот филм „Документираниот Божиќ“ вечерва ќе се прожектираат во рамки на хуманитарната акција „Ај на хуманитарно кино за лекувањето на Јоце“.

Прожектирањето ќе се одржи во просториите на Кинеското училиште во Карпош 4 (во трите кули убавици до мостот Обединети Нации, на Партизанска).

Влезницата за на кино ќе се наплатува по 120 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Јоце Блажевски во Русија.

Во 18ч ќе почне комедијата на анимираниот цртан филм, „Хотел Трансилванија 3: Летен одмор“ Hotel Transylvania 3: Summer Vacation.

Во 20 часот почнува „Документираниот Божиќ“ The Christmas chronicles.