Вечерва на репертоарот на МНТ од 20 часот е претставата „Говорна мана“, правена на текст на Горан Марковиќ, а во режија на Драгана Милошевски-Попова. Во главните улоги настапуваат Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Арна Шијак, Ана Стојановска и други.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и онлајн по цена од 300 денари.