„Барокни богатства“ е името на вечерашниот концерт на ансамблот „Г.А.П.“. Концертот ќе се одржи во Камерната сала на Македонската филхармонија од 20 часот.

Ансамблот, формиран во 2012 година, е составен од врвни музички уметници, кои активно настапуваат на европските и светските сцени: Емилио Перцан – барокна виолина, Ориол Ајмат Фусте – барокно виолончело и Лука Квинтавале – чембало. Тие ќе изведат дела од автори од периодот на музичкиот барок, Хајнрих Игнац Франц фон Бибер, Жан-Батист Бариер, Џовани Антонио Пјани и Антонио Вивалди.