Во Кинотеката на Македонија (17ч.) од денеска 22.11.2018 година се прикажува  италијанската комедија „Хотел Гагарин“, која од утре е на репертоарот на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, киното „Милениум“ во Скопје, Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино.

„Хотел Гагарин“ е приказна за петмина Италијанци без скршена пара што ја чекаат својата голема шанса. Тие се испратени да снимат филм во Ерменија каде на студот ќе се соочат со измама, но и со искуство кое ќе им го смени животот на сите.