„Избери си хотел, чаша вино и уживај во кино“, е мотото на специјалните проекции на филмовите „Хотел Југославија“ и „Хотел Гагарин“ што денеска во 17 часот ќе бидат организирани во киното „Фросина“, во рамките на фестивалот „Синедејс“. Двата филма се со слободен влез, а ги дистрибуира „Катавеј“ од Скопје. За публиката следуваат изненадувања.