По повод 20 години од постоењето на Скопското астрономско друштво, ќе биде отворена изложбата насловена „20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво”. На изложбата ќе бидат презентирани најновите астрофотографии на Друштвото, изведени во разни техники за фотографирање на ноќното небо и небесните објекти. Автори на фотографиите се членовите на Друштвото.

Отворањето на изложбата е вечерва (7 декември) во 20 часот во Домот на АРМ. Изложбата ќе трае до 16 декември.