Изложбата на фотографии „Викторија“, по повод 16 дена активизам против родово базираното ќе биде отворена вечерва во 20 часот во кафе бар „Синдикат’. Изложбата ја организира Хелсиншкиот комитет за човекови права и ЛГБТИ центарот за поддршка, во соработка со шелтер центар “Сигурна куќа” и платформата за феминизам “Медуза”.

Изложбата содржи 10 фотографии од жртви на родово базирано насилство и насилство поради сексуална ориентација, со приказна напишана од нивна страна. Сликите се дело на Христина Христова и ќе бидат на продажба.