Во 20 часот во НЛБ Галерија ќе биде отворена самостојната изложба „Обоена љубов“ од Маја Андонова Јокиќ. На изложбата авторката ќе се претстави со педесет свои дела изработени со техниката акрил на платно, насликани од 2016 до 2019 година.