Од 29 октомври до 4 ноември во Музејот на современа уметност – Скопје и Младинскиот културен центар (МКЦ), британски совет ја организира изложбата на интерактивна уметност PlayUK Arcadia 2018.

Посетителите ќе имаат можност да ги видат и да ги пробаат најновите изуми во областа на виртуелна реалност, видео игри, користење на податоци, човекови права и музика. Со овој настан се истражува уметноста во 21. век и како технологијата и уметноста може да соработуваат за да создадат тродимензионални и интерактивни уметнички искуства.

Настанот е бесплатен.