Во галеријата „Акантус“ вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Верувам дека можам да летам“ на Жанета Гелевска Вељановска – Жани. На оваа изложба ќе бидат преставени педесетина нови дела, кои се изработени во различни техники.

Жанета Гелевска Вељановска – Жани дипломирала на Ликовната академија во Скопје во 1989 година. По нејзината изложба во 1999 година во лондонската ликовна галерија „Блајнс” во Мејфер, таа се преселила во Англија, каде што сега работи како уметник со полно работно време. Таа секогаш експериментира и нејзините слики се уникатна комбинација постигната со комбинирање на акрилни и мешани медиуми и низа необични материјали.

Изложбата ќе биде отворена до 5 декември.