Два дена пред светската премиера, најновиот филм на студиото „Марвел“, „Капетанката Марвел“ со Бри Ларсон ќе има претпремиера во киното „Синеплекс“ во Скопје. Првата проекција е закажана за 18:30 часот.

Од „Синеплекс“ најавуваат многу подароци и изненадувања за посетителите на претпремиерата. Билетите за првите проекции се веќе пуштени во продажба.