Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Македонскиот народен театар, ќе гостува кинескиот танцов театар „Гуангдонг сонг енд денс“ со изведба на модерниот танц насловен „Будење“ во режија на Шуесонг Ванг.

Билетите се пуштени во продажба онлајн и на билетарницата во МНТ.
Цената на билетот е 300 ден.