Претставата „Клеопатра“ се враќа на репертоарот на МОБ. Балетскиот спектал ќе се случи на 14 ноември со почеток во 20.00 часот.

Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сеуште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет.

„Клеопатра“ на реномираниот кореограф Василиј Медведев е грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет.

Kореограф: Василиј Медведев (Русија)
Музика: Нериjа Цепаите Голдберг (Литванија)
Диригент: Бисера Чадловска
Сценограф и костимограф: Павол Јураш (Словачка)
Либрето: Јана Темиз (Турција)
Асистент кореограф: Станислав Фечо (Чешка)
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Репетитори: Горан Божинов, Лора Тарчуговска и Билјана Пашариковска

Во главните улоги:
Клеопатра: Александра Мијалкова
Цезар: Васил Чичијашвили (Грузија)
Марк Антони: Бобан Ковачевски
Октавија: Марија Кичевска Шокаровска
Змија: Мими Поп Алексова Атанасовска