Хит театарската претстава “Кој е тука идиот” ќе биде одиграна на 1 и 2 ноември, во Дом на АРМ, во Скопје, со почеток во 20ч.

Главните улоги во претставата ги имаат познатиот актер и водител Милан Калиниќ и неговиот колега Срџан Ивановиќ.

Претставата започнува кога идниот младоженец кој го игра Милан Калиниќ, по бурната ергенска забава заминува кај психијатарот кој го глуми Срџан Ивановиќ, за да ја добие потребната потврда.

Влезниците може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, “Пола Југотон” и“Цвеќара Розе” – Веро 2.