На 25 септември концерт во арената „Борис Трајковски“ ќе одржи виолинистот Дејвид Герет. Концертот е дел од неговата светска турнеја со која ќе ја прослави 10-годишнината од неговата кариера.

Тој пред македонската публика на виолина ќе ги отсвири Purple Rain, Smells Like Teen Spirit, Nothing Else Matters, Viva la vida но и петтата синфонија на Бетовен.

Продажбата на билетите ќе почне на 20 февруари преку продажната мрежа на Купи карти за се. Организатор на концертот е Прагма продукција.