Светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ на 23 март ќе одржи концерт во Скопје заедно со оркестарот на Македонската Филхармонија.

Миленковиќ, кој свири од 5-годишна возраст, во својата кариера многу пати настапил пред македонската публика. Тој настапува со најреномираните светски оркестри и музички уметници и има издадено голем број албуми.

Билетите за овој концертот се пуштени во пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, “Пола Југотон” и “Цвеќара Розе” – Веро 2.

Организатор на концертот е „Прагма продукција“.