Концертот на српскиот пејач Жељко Самарџиќ, што требаше да се одржи во сабота на 16 февруари во арената „Борис Трајковски“, е одложен за 23 февруари. Организаторите на концертот, „Прагма продукција“ велат дека купените билети ќе важат и за концертот следната сабота.