Традиционално, на 25.01.2019 година, по петнаесети пат ќе биде организирана голема крводарителска акција посветена на Тоше Проески, во знак на одбележување на неговиот роденден. Организатори на крводарителската акција се Црвениот крст на град Скопје, Општинската организација на Црвен крст Центар, Институтот за Трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот.

Акцијата ќе се одржи во холот на Дом на АРМ помеѓу 09 и 17 часот.