Оркестарот „Екос компани“ на 27 ноември, во МОБ ќе одржи претстава со кубанска музика, со елементи на фламенко, сoн, болеро, џез, блуз и румба.

Овој музички танц спектакл го изведуваат осум музичари и пет балерини. „Екос“ е една од најпочитуваните фламенко групи кои со нивната работа, на креативен начин ги истражуваат и интегрираат кубанскиот и шпанскиот танц.