Танцовиот клуб „Десри“ организираат латино журка на Бродот на среќата. Многу танц, забава, дружење со интересни луѓе во амбиент во кој сите се добредојдени.

На забавата, што ќе биде од хуманитарен карактер, ќе биде поставена кутија за донација за Борче Цветановски, кој боледува од Амилоидоза, ретка болест за која во Македонија нема институција која може да ја излечи. На Борче му е потребна трансплатација на сопствени здрави матични клетки.

Журката во латино ритам почнува во 21 часот.