Празнувањето на Лазарова сабота, последната сабота пред големиот христијански празник Велигден, во етничкиот предел Долни Полог било проследено со изведување женски обредни поворки познати под терминот ЛАЗАРИЦЕ. Обредната поворка ја сочинувале немажени девојки на возраст од десет до петнаесет години.

Автор на филмот во кој се опишани женските обредни поворки во Долни Полог е Бојан Петковски. Промоцијата е закажана за 19 април во 20 часот.