Македонската опера и балет ја најави изведбата на безвременскиот балет „Лебедово езеро“ вечерва со почеток во 20 часот. Ода за моќта на љубовта!

„Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид“.

Во улогата на Одета/ Одилија настапува Марија Кичевска – Шокаровска, Принцот Зигфрид е Бобан Ковачевски и во улогата на Ротбарт е гостинот од Италија Давиде Буфоне. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент: Бисера Чадловска.