Фестивалот „Мел Фест“, кој своевремено беше единственото музичко талент шоу во Македонија и надвор од неа, синоќа во полн сјај се врати на македонската фестивалска сцена.

Елена Петреска, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Симона Поповска, Наташа Малинкова, Елена Велевска, Игор Узунов, Маријан Стојановски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска беа само дел од пејачите кои настапија на гала синоќа во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

После фестивалот, односно неговата гала вечер, имаше изложба на фотографии како ретроспектива на „Мел Фест“. Она што се случуваше вчера е само најава и почеток за „Мел Фест – талент шоу“ кое ќе стартува пред Нова година, низ 15 градови во Македонија.

Уметнички директор на фестивалот е нашата пејачка Елена Петреска, а водител на гала вечерта беше Лила Стојановска.