„Театар Комедија“ се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид на која ѝ е дијагностицирана ANEMIA APLASTICA, болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, па ѝ неопходна трансплантацијата на коскената срж. Претставата „Мизантроп“ на 27 октомври во 20 часот ќе биде со хуманитарен карактер и средствата од продажбата на билетите ќе бидат уплатени на сметката на семејството Настески.

Претставата е на текст на Ж.Б.П. Молиер, а во режија на Ана Вукотиќ.