Мјузиклот „Зона Замфирова“ во изведба на ансамблот на Театарот на Теразије од Белград, на 3 март во 19 часот ќе се игра на сцената на Македонскиот народен театар.

Мјузиклот е по делото на Стеван Сремац и во режија на Кокан Младеновиќ. Во претставата глумат Александар Вучковиќ, Ивана Поповиќ, Небојша Дугалиќ, Даница Максимовиќ, Слободан Стефановиќ и други. Покрај актерите учествуваат и хорот и оркестарот од Србија.

Билетите за претставата чинат од 1000 до 1500 денари.