Музејот на раскинати врски по 11 години повторно во Македонија, во МКЦ на Денот на уметноста. Музејот на раскинати врски го создале Олинка Виштица и Дражен Грубишиќ од Хрватска, кои откако ја прекинале нивната љубовна врска решиле да ги изложат сите предмети што ги потсетуваат на нивното заедничко минато. Музејот на раскинати врски изобилува со сеќавања на прекинати врски – од писма, плишани мечиња, суви цвеќиња, облека, до велосипед, кој бил подарок од поранешниот партнер, пенкало со кое се напишани романтични писма, до малечка секира со која се демолирал мебелот на поранешниот љубовник.

Музејот на раскинати врски на еден креативен начин обединува приказни за кои можеби првиот впечаток би бил дека се тажни, но некои од објаснувањата покрај самите објекти ќе ве насмеат.