Јубилејот од основањето на првата независна дискографска куќа „ПМГ рекордингс“ ќе се одбележи на 6 октомври во МКЦ, со фестивалската ноќ „Сонична младост“. Фестивалот ќе се одржи на три подиуми со многу музички гости.

„Ова ќе биде вистински урбан жур“, најавува Мирко Попов од „ПМГ рекордингс“.