На 24.10 во Македонската опера и балет, операта „Боеми“ на Џакомо Пучини со почеток во 20 часот. Диригент: Енрико Довико (Италија) Режисер: Дејан Прошев.

Боеми е опера во четири чина од Џакомо Пучини напишана е по италијанското либрето на Луиџи Илика и Џузепе Џакоса. Либретото се базира на романот „Животот на боемите“ од Хенри Мургер. Светската премиера на операта е одржана на 1 февруари 1896 во Торино, Италија, диригирана од младиот Артуро Тосканини.