Секој човек живее во својата реалност. Во очите на Смирнов ѕидовите се крвави, Лука го бара светлото сино небо низ прозорците, а за Попова истите тие ѕидови се романтично валкани. Само љубовта знае и може да ги изедначи реалностите, вели режисерот Димче Николовски – Димса за претставата „Мечка“ која е вечерва на репертоарот на „Театар комедија“.

Играат: Жарко Димоски (Смирнов), Жаклина Петровска (Попова) и Илија Илиоски (Лука). Сценографијата е на Сергеј Светозарев и Милан Несторов, костимографијата на Марта Дојчиновска, а музиката е на Димитар Андоновски.

Претставата почнува во 20 часот.