Претставата „Не се клади на Енглези“ може да ја погледнете вечерва 26.11 во Македонскиот народен театар.

Во претставата играат: Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ.

Претстава го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот.

Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка и дегенерација на нацијата.

Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето.

На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

УЛОГИ
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak)
Костимограф: Ана Данчевска
Превод: Александар Микиќ
Светло – мајстор: Илија Тарчуговски
Тон – мајстор: Ненад Трпеновски
Инспициент: Никола Кимовски
Фотограф: Драган Гајиќ

Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/pretstavi/ne-se-kladi-na-englezi

*Цената на билетот е 300 денари.

Купи билет онлајн https://mnt.mk/online/index.php?id=265

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304