Oд 3 до 7 декември во Кинотеката на Македонија ќе се одржи манифестацијата Недела на израелскиот филм на која ќе се прикажат четири играни и два документарни филма.

На 3 декември (понеделник) од 20 часот ќе биде прикажан филмот „Врвки“ од 2018 година, во режија на Јаков Голдвасер. На 4 декември на репертоарот е „Нула мотивација“, според сценарио и во режија на Талија Лави. Во среда (5 декември) на репертоарот е „Спасувајќи го нета“ на Нир Бергман, на 6 декември ќе биде прикажан „Слаткарот“, а последниот ден, 7 декември ќе се прикажат документарните филмови „На мапата“ и „Сирискиот пациент“.