Во Кинотека на Македонија оваа недела ќе биде посветена на шпанскиот филм. Седумте филмови што ќе бидат прикажани се мал пресек на шпанската кинематографија, и според хронолошкиот и според тематско-жанровскиот пристап. Овој избор обединува автори од различни филмски епохи и со различни естетики.

Во среда (21 ноември) – „Добредојдовте господине Маршал“, на 22 ноември (четврток) ќе се прикаже „Чико и Рита“, на 23 ноември на репертоарот е филмот „Југот“, за 24 ноември (сабота) е закажана проекција на „Смртта на велосипедистот“, во недела (25 ноември) ќе се прикажува „Без срам“, а на 26 ноември ќе игра „Црвената верверичка“. Неделата на шпански филм завршува со филмот „Пеперутка“ во вторник (27 ноември).

Влезот за сите проекции е бесплатен, а филмовите ќе се прикажуваат од 20 часот. Потребна е претходна резервација на билетите на телефонот 02 3065968. Билетите се резервираат помеѓу 16 и 19 часот, а може да се подигнат 30 минути пред почетокот на проекцијата.