Во „Синеплекс“, вечерва со почеток во 19 часот, „Боемска Рапсодија“ односно прослава на бендот, нивната музика и нивниот неверојатен пејач Фреди Меркјури, кој ги поби сите стереотипи и ја урна конвенционалноста за да стане еден од најсаканите перформери на планетата. Филмот го забележува вртоглавиот раст на популарност на бендот преку нивните препознатливи песни и револуционерен звук.