По повод празникот „13 ноември“, денот на ослободување на Скопје, Атлетската федерација на Македонија во соработка со Град Скопје организира Атлетска ноќна улична трка во централното градско подрачје. Трката почнува денес (11 ноември) во 15:00 часот на плоштад Македонија пред фонтаната Воин на коњ, а целта е пред Порта Македонија.

Од 13 до 14 часот ќе се делат стартните броеви. Трката за мажи со должина од 1200 метри (еден круг)  почнува во 15:10, а трката за жени е во 15:20 часот. Трката за мажи и за жени со должина од 6000 метри (5 круга) почнува во 15:30.