Оваа година првпат во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи предновогодишен дводневен фестивал за деца, на 22 и 23 декември од 12 до 16 часот.

Програмата почнува во 12 часот со проекција на анимиран филм на големо кино платно во едукативниот центар. Во сабота ќе се прикаже анимираниот филм „Фроузен“, а во недела „Зутопија“. Од 13:30 до 15 часот ќе има дружење и фотографирање со дизни јунаците Олаф, Мики и Мини Маус, а секое дете ќе добие подарок. Во 15 часот ќе почне детската театарска претстава „Новогодишно чудо“.

„Новогодишно чудо“ е интерактивна театарска претстава за деца и возрасни. Претставата раскажува приказна за добрината, другарството и пожртвуваноста.

Влезниците за „Новогодишната ЗОО бајка“ ќе чинат 100 денари и за деца и за возрасни.