Краткометражниот игран филм „Обид за среќна приказна“, дипломски филм на режисерката Лавинија Софрониевска, ќе биде промовиран вечерва од 21:00 часот во кино „Фросина“, а во рамките на „Синедејс“. По премиерата следи редовна проекција на филмот.

Филмот ја раскажува историјата на љубовта и болката низ животот на двете сестри Ангела и Михаела. Нивните стравови, надежи и планови растат и се уриваат низ годините. Денес, едноставноста и наивноста на детството се неповратно изгубени во “суровиот” свет на возрасните.

Во филмот настапуваат Тамара Ристовска, Филип Трајковски, Весна Тодоровска и други.