Последниот филм на глумецот Том Харди, „Веном“, од 4 октомври ќе се прикажува во киното „Синеплекс“. Филмот за негативецот од стриповите на „Марвел’ ја раскажува приказната на Еди Брок, фоторепортер чиј живот се менува во моментот кога ќе стане домаќин на вонземјанин.

Премиерата е закажана за 19:30 часот.