„Од срце за Дарија“ е хуманитарна забава што на 22 октомври ќе се одржи во „Брик бар“. На настанот ќе настапат DJ One, Горан Папаз и специјалниот гостин Sweet Nu Disco.

Хуманитарната забава е за Дарија, која е предвреме родена, во критична состојба и итно ѝ е потребна финансика. Дел од средствата собрани на хуманитарната забава ќе бидат донирани за лекувањето на Дарија.