По повод Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември, во 20:00 часот во спортската сала „Независна Македонија” – Кисела Вода (до ОУ „Невена Ѓорѓиева Дуња“) ќе се одржи ревијален одбојкарски натпревар меѓу женските екипи на селекција на градскиот одбојкарски сојуз „Сити Старс“ – Скопје и „Јанта Волеј“ – Скопје.

Во знак на поддршка на лицата и особено на децата со дијабетес во Македонија и Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс Мк, двата тима на натпреварот ќе носат дресови со син круг – симбол на единството во борбата со дијабетесот во светот.