Заради ден на жалост Каролина го одложи првиот од четирите концерти со Македонска филхармонија, закажан за 15 февруари е презакажан за недела, 17 февруари.

„Поради вчерашната трагедија и прогласените два дена на жалост, првиот од двата овонеделни концерти наместо во петок на 15.02. ќе се одржи во недела. Вториот концерт останува во сабота, на 16.02“, велат од „Авалон продукција“.