Првата книга на Олга Петкова, „Ателјето на Монмартр“ ќе се одржи на 4 април во фоајето на кино „Фросина“. Промоцијата почнува во 20 часот.

Дејствието на книгата, главно сместено во Париз, говори за безвременскиот шарм на овој град, за неговиот боемски дух, за вистинската уметност, за квалитетната литература, за добрата поезијата, за естетиката, за љубовта кон убавите нешта, кои остануваат вечни. Низ интензивната љубовна приказна на убавата Русинка Наталија и францускиот сликар Андре, книгата се осврнува и на традиционалните и културолошките разлики меѓу Истокот и Западот.