Претставата „Оливер Твист“, која вечерва игра во „Театар за деца и младинци“ е работена според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, а дополнета со стихови на  режисерот Срѓан Јаникијевиќ. Таа е несекојдневна и нетипична детска претстава, оперета во театар.

Во претставата играат Бојан Кирковки, Трајче Ѓорѓиев, Драган Довлев, Наташа Петровиќ, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски, Изабела Новотни, Симона Спировска, Ненад Митевски.

Претставата почнува во 19 часот.