Операта „Турандот” од Џакомо Пучини ќе биде изведена на вечерва од почеток 20.00 часот во МОБ. Спектакуларната продукција на епската кинеска бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, повторно на сцената на МОБ.

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, додека под кореографијата се потпишува Саша Евтимова.

Настапуваат: Весна Ѓиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Момчил Караиванов (Бугарија), Кристијан Антовски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан Николовски, хорот оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.