Балетската претстава „Оревокршачка“ вечерва со почеток во 20 часот. Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски.

„Овој балет е ултимативна новогодишно-божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не ѝ е доста од ‘Оревокршачка’ пред и после Нова година, секоја година“, се вели во најавата за претставата.

Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп Алексова Атанасовска , Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.